Рецепт за гурманска плескавица која лесно ќе ја направите

Послужете ја плескавицата со компири и салата по избор.

 

Состојки:

  • 300 гр мелено мешано месо
  • 2 главици кромид
  • 50 гр сланина Пекабеско ситно сечкана
  • 50 гр ситно сечкан кашкавал
  • малку масло
  • сол

Начин на подготовка:

Исечкајте го кромидот и измешајте го со меленото месо, сланината и кашкавалот.

Посолете по потреба и обликувајте плескавици и испечете ги.

Совет: Ако немате електрична скара, испржете ги плескавиците на тефлонска тава со малку масло.

Добар апетит!

Loading...