Најбрзите енергетски бомбици - се прават за миг!

Ќе уживате во секое колаче од урми и кокос!

 

Состојки:

  • 200 гр несолени индиски ореви
  • 20 урми без коски
  • 1 шолја кокосово брашно
  • 2 лажици свежо цеден сок од портокал
  • рендана кора од еден портокал

Начин на подготовка:

Сомелете ги индиските ореви и ставете ги во чинија. Урмите ситно исечкајте ги, изгмечете ги во пире и додајте ги во садот со оревите.

Потоа измешајте половина од кокосовото брашно, сок од портокал и изрендана кора и добро измешајте додека не добиете хомогена смеса.

Обликувајте 12 топчиња и извалкајте ги во останатото кокосово брашно. Оставете ги топчињата во фрижидер на половина час.

Послужете и уживајте!

Loading...

JT Fixed Display