Италијанска чорба на балкански начин

Ваквите чорби се идеални како предјадења, но се одлични и за оние кои сакаат да одморат од тешка храна!

 

Состојки:

  • 1,5 л пилешка супа
  • 1 главица ситно сечкан кромид
  • 2 лажички сечкан лук
  • 2 рендани моркови
  • целер
  • 500 мл доматен сос
  • 250 гр ситни тестенини
  • 250 гр смрзната пченка
  • 250 гр ситно сечкан кељ
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

Загрејте маслиново масло во тенџере, додајте сечкан кромид и лук, моркови и целер и динстајте 3-5 минути.

Потоа измешајте пилешка супа и доматен сос, поклопете и гответе на умерена температура 15 минути. Додајте тестенини, пченка и сечкан кељ.

Посолете и побиберете, измешајте и гответе уште 10-15 минути, додека тестенината не омекне.

Послужете и уживајте!

Loading...