Пица каква што не сте пробале досега: Лесно се прави, а вкусот е фантастичен!

Феноменален вкус, прсти да излижеш!

 

Состојки:

  • 300-400 гр брашно
  • 10 гр свеж квасец (1 кесичка сув)
  • 200 мл млако млеко
  • 200 гр паризер
  • 100 гр кашкавал
  • 100 гр тврдо кравјо сирење
  • кечап
  • оригано
  • сусам по желба

Начин на подготовка:

Во вангла потопете квасец и додајте една лажичка шеќер и малку млеко. Тоа разматете го, па додајте го останатото млеко, брашно и сол. Замесете средно тврдо тесто. Оставете го 15 минути малку да нарасне. Размесете и развлечете го тестото.

Тестото пресечете го на 6 агли по средината.

Тестото прво премачкајте го со кечап, а потоа распоредете паризер, рендано сирење, како и рендан кашкавал.

Посипете со оригано.

Аглите префрлете ги преку тестото (како на видеото).

Пицата премачкајте ја со масло и посипете ја со сусам. Печете на 200 степени околу 15-20 минути.

спонзориран линк:
Loading...