Експрес брз пилешки гулаш со печурки

Одличен ручек кој брзо и лесно се подготвува.

 

Состојки:

  • 1/2 кг пилешко бело месо
  • 2 моркови
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 300 гр печурки
  • 1 чаша доматен сок
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

Исечкајте го кромидот и морковите. Пропржете ги на масло.

Додајте месо исечкано на коцки и сечкани печурки.

Оставете да крчка на умерен оган 30 минути и по потреба додајте малку вода.

Налијте со сок од домати, посолете и побиберете и оставете да се готви уште десетина минути.

Послужете со компир пире или тестенини.

Добар апетит!

спонзориран линк:
Loading...