Колбасици со кари и кечап

Пикантен оброк кој ќе ги израдува сите гурмани!

 

Состојки:

  • 600 гр колбасици (говедски или јунешки)
  • кечап
  • масло
  • сол
  • кари

Начин на подготовка:

На скара испечете ги колбасиците на средно силен оган. Можете да ги испржите и во тава за грил.

Исечете ги во должина, ставете ги на чинии, прелијте ги со кечап и посипете со кари.

Со вака подгответните колбасици послужете помфрит како прилог.

Добар апетит!

спонзориран линк:
Loading...