ХИТ РЕЦЕПТ: Банана чизкејк

Сигурно сте јаделе чизкејк со малини, боровници или шумско овошје. А што велите за чизкејк со банани? Еве еден вкусен и лесен рецепт!

 

Состојки:

  • 180 гр кекс од грахам брашно
  • 110 гр путер + 2 лажици
  • 1,5 кесичка желатин во гранули
  • 1 шолја разматена банана
  • 1/3 шолја сок од портокал
  • 300 гр крем сирење
  • 1/2 шолја шеќер
  • 3 жолчки
  • 1 шолја слатка павлака

Начин на подготовка:

Сомелете го кексот од грахам и измешајте го со растопен путер. На плех ставете хартија за печење и на неа ставете ја смесата, обликувајте така да има страни и ставете во фрижидер да се излади.

Ставете 1/3 шолја вода во мал сад и додајте желатин на 5 минути. Ставете тенџере да се грее на средна температура и во него ставете ги бананите и сокот од портокал. Гответе 5-8 минути, а потоа тргнете го на страна да се лади.

Крем сирењето, жолчките и шеќерот ставете ги во сад и матете со миксер додека смесата не стане глатка. Во друг сад разматете слатка павлака додека не стане цврста. Сè тоа оставете го на страна.

Желатинот ставете го во топлата, но не врела банана и мешајте додека не се соедини. Во тоа полека, лажица по лажица, со постојано мешање додајте ја смесата со крем-сирење, а потоа додајте разматена слатка павлака и мешајте додека целосно не се соединат.

Подготвената смеса ставете ја во калапот и оставете да се излади, најмалку два часа, а најдобро преку ноќ.

Послужете и уживајте!

спонзориран линк:
Loading...