Тесто за пица со јогурт

Ставете фил по желба и уживајте во омилениот италијански специјалитет!

 

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1/2 квасец
  • 1,5 дл јогурт
  • 1 дл масло
  • 2 лажички сол
  • вода по потреба

Начин на подготовка:

Квасецот ставете го во засладена вода да нарасне, па измешајте го со останатите состојки. Јогуртот треба да биде млак.

Оставете 15 минути тестото да се подигне, па одвојте ја количината која ви е потребна за пицата.

Намастете плех со масло, па ставете го тестото и со намастени раце развлечете го по плехот. Ставете фил по желба и печете.

Остатокот од тестото ставете го кеси, па во замрзнувач и вадете по потреба.

Loading...