Ова е најздравата чоколадна торта! (РЕЦЕПТ)

Покрај бројните намирници, има една која гарантира здравје и внес на многу малку калории.

 

Идеално се комбинира со речиси сите јадења, па не е ни чудо што се наоѓа баш меѓу потребните состојки за оваа фит и здрава чоколадна торта.

Станува збор за карфиол, а во тортата нема ни да го почувствувате!

Состојки:

  • 1 шолја изрендан карфиол
  • 1/2 шолја кокосово млеко
  • 50 гр темно чоколадо
  • 1 шолја кокосово масло
  • 50 гр крем сирење
  • 3 јајца
  • 1/2 шолја бадемово брашно
  • 1/4 шолја ленено семе
  • 1/2 шолја какао во прав
  • 3 лажици здрава замена за шеќер
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка арома ванила
  • прстофат сол
  • 1/2 лажички цимет

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени, подгответе подлабок лим за торта, но не преширок.

Во еден сад измешајте ги сите суви состојки.

Во блендер ставете изрендан карфиол и иситнете го уште. Додајте кокосово млеко и убаво измешајте.

На пареа растопете чоколадо и кокосово масло и додајте во смесата од карфиол. Потоа додајте јајца, ванила, засладувач и крем сирење и добро измешајте. Дури потоа додајте ги и сувите состојки и уште еднаш измешајте.

Смесата ставете ја во намастениот лим и печете околу 30 минути.

Откако ќе се излади, уживајте во здравиот и сладок чоколаден колач!

Loading...