Брза пица на балкански начин!

Италијански шмек од вашата кујна... Сланината ќе и даде посебна нота на оваа пица!

 

Состојки за тесто:

  • 200 гр брашно
  • 3 лажици масло
  • 125 мл вода
  • малку сол

Состојки за фил:

  • 1 чаша павлака
  • 200 гр ситно сечкана Пекабеско сланина
  • 100 гр кашкавал
  • малку кечап
  • сечкани маслинки
  • печурки (по жлеба)

Начин на подготовка:

Замесете тесто. Свиткајте го во фолија и оставете го да отстои 1 час во фрижидер.

Тестото поделете го на два дела и растегнете го на тенки кругови.

Ставете ги круговите на плех обложен со хартија за печење.

Премачкаје ги тестата со павлака, распоредете сечкана сланина, маслинки, печурки и кечап.

Посипете со рендан кашкавал и печете во претходно загреана рерна на 220 степени околу 15 минути, додека тестото не биде готово.

Добар апетит!

спонзориран линк:
Loading...