Бомбици со чоколаден пудинг и рум

Слатки залаци со посебна арома...

 

Состојки:

  • 1 жолчка
  • 60 гр шеќер во прав
  • 4 лажички рум
  • 50 гр путер
  • 2 кесички пудинг од чоколадо
  • шеќер во прав или сечкани ореви за посипување
  • Начин на подготовка:

Измешајте ја жолчката со шеќер во прав и рум, и гответе на пареа. Кога ќе згусне, тргнете од оган, но продолжете со мешање додека смесата не се излади.

Додајте путер и пудинг во прав, замесете тесто и потоа ставете го на студено место да отстои околу 15 минути.

Обликувајте топчиња, извалкајте ги во шеќер во прав или сечкани ореви и оставете ги да се исушат.

Послужете и уживајте!

Loading...

JT Fixed Display