Зелка салата со кисело млеко

Освежувачката салата можете да ја послужите како прилог или како лесна вечера.

 

Состоки:

  • 2 помали главици зелка
  • 1 главица кромид
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • црн бибер
  • 120 мл млеко
  • 4 лажици мајонез
  • 1 чаша матеница
  • 1 лажица оцет
  • малку сок од лимон
  • 1 морков
  • магдонос

Начин на подготовка:

Исечкајте ја зелката и измешајте ја со кромид и рендан морков.

Подгответе друга чинија и во неа ставете шеќер, сол, бибер, млеко, мајонез, оцет, матеница. Мешајте додека не се соединат сите состојки.

Мешавината соединете ја со сечкана зелка и кромид и изладете еден час.

Украсете со магдонос и послужете.

Добар апетит!

Loading...

JT Fixed Display