Паста примавера

Лесен и вкусен оброк од тестенини...

 

Состојки:

  • 450 гр тестенини
  • 3 моркови, излупени и исечени на тенки кругови
  • 2 тиквици исечени на ленти
  • 1 главица кромид, ситно сечкан
  • 1 жолта пиперка, исечена на ленти
  • 1 црвена пиперка, исечена на ленти
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • 1 лажица бибер
  • 15 шери домати, преполовени
  • 3 лажици рендан пармезан
  • зачини по желба (босилек, мајчина душица, рузмарин...)

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени.

Во плех измешајте масло, зеленчук, посолете, побиберете и додајте зачини. Половина од зеленчукот префрлете го во друг плех и рамномерно распоредете го. Печете го зеленчукот во загреана рерна и додека морковот не омекне, околу 20 минути. После 10 минути печење измешајте го зеленчукот.

Тестенините згответе ги во врела посолена вода околу 8 минути. Процедете, но оставете една шолја вода во која се зготвени тестенините.

Во голем сад измешајте ги зготвените тестенини и печениот зеленчук, а потоа додајте домати и чашата вода во која е зготвена пастата. По желба зачинете ја пастата и посипете со пармезан.

Добар апетит!

Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display