ПРЕВКУСНО: Сјаен и едноставен рецепт за најдобра мусака!

За денес ви донесуваме рецепт за мусака, така едноставна и неодоливо вкусна...

 

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 500 гр мелено месо (по избор)
  • 1 лажица црвена мелена пиперка
  • 10-13 компири
  • 4 јајца
  • 1/2 л млеко
  • масло
  • сол
  • бибер
  • лук (по желба)

Начин на подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на малку подебели парчиња, па гответе 5-10 минути. Исцедете и измијте ги со ладна вода.

Кромидот ситно исечкајте го и динстајте го на масло, додајте и прстофат шеќер. Потоа додајте го месото и динстајте. Додајте пипер, сол и бибер и лук, по желба.

Во тепсија прво редете зготвени компири, па месо, па компири, па месо и на крај компири.

Разматете јајца и млеко, прелијте ги компирите и месото.

Ставете го садот во загреана рерна на 200 степени и покријте со фолија. Печете од 30 до 40 минути, зависно од рерната, а потоа тргнете ја фолијата и печете десетина минути додека компирите на врвот не поруменат.

Добар апетит!

Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display