Пилешка салата со кикирики (ВИДЕО)

Без малку мака направете ја оваа салата. Одличен избор за празнична трпеза...

 

Состојки:

  • 350 гр пилешко филе
  • 200 гр кисела павлака
  • 150 гр мајонез
  • 1 лажичка сенф
  • 4-5 кисели краставички
  • 100 гр печени кикирики
  • 100 гр сусам

Начин на подготовка:

Пилешкото сварете го, изладете го и исечкајте го на коцки. Сусамот пропржете го на суво неколку минути убаво да порумени.

Кикириките сомелете ги во блендер, а краставичките ситно исечкајте ги. Сите состојки соединете ги, посолете, изладете и уживајте!

Loading...