Слатки печени полжавчиња

Во слаткото тесто се наоѓа врвна комбинација од нугат крем и овошје.

 

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 125 гр путер
  • 60 гр шеќер
  • малку сол
  • јајца
  • 250 гр сушено овошје
  • 4 лажици нугат крем

Начин на подготовка:

Од брашно, путер, шеќер, сол и јајца замесете глатко тесто. Замесеното тесто оставете го да се лади 30 минути.

Сушеното овошје ситно исечкајте го. На површина посипена со брашно развлечете тесто во правоаголник. Премачкајте со нугат крем и посипете со сечкано сушено овошје. По должина ставете во ролна и оставете околу половина час се лади.

Рерната претходно загрејте ја на 200 степени. Ролната исечете ја на 15 кругови, наредете ги на намастен плех и печете 15 минути.

Послужете и уживајте!

Loading...