НЕВЕРОЈАТНО БРЗО: Чоколаден колач без млеко и јајца (ВИДЕО)

Чоколадната торта никогаш не е лош избор!

 

Состојки:

  • 1,5 шолја брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол
  • 3 лажици какао
  • 1 шолја шеќер
  • 1 лажичка оцет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 5 лажици масло
  • 1 шолја вода
  • 200 гр чоколадо

Начин на подготовка:

Во плех за печење измешајте ги сите суви состојки. Додајте оцет, масло, шеќер и екстракт од ванила, па сè добро соединете.

Печете во рерна загреана на 180 степени околу 35 минути.

За тоа време на пареа растопете чоколадо со малку масло и со него прелијте ја тортата. По желба, украсете со шлаг и со омиленото овошје.

Во видеото погледнете ги деталните инструкции и што побргу испробајте ја оваа торта!

Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display