Тајна состојка за вкусен ручек: Научете како да направите најкрцкав пекарски компри!

Научете како да направите најкрцкави пекарски компирчиња по рецептот на грчкиот готвач Акис Петретзикис. Од надвор крцкави, а внатре меки, еве во која состојка е тајната.

 

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 2 лимони
  • 1,5 л вода
  • 1-2 лажици мајчина душица или оригано
  • 2 чешниња лук
  • 75 мл маслиново масло
  • 3 супени лажици гриз
  • сол
  • бибер
  • 1 кафена лажица пипер

Начин на подготовка:

Исчистете ги компирите, а потоа исечкајте ги на четири дела. Засечете ја со нож секоја страна на парчињата компири, како би добиле убав вкус при печењето.

Ставете ги во тенџере, исцедете два лимони, ставете ги и корите, прелијте со литар и половина вода и чекајте да зоврие. Потоа нека се готват во врела вода 10 минути.

За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени и веднаш ставете празен плех во неа.

После десет минути процедете ги компирите и фрлете ги корите од лимон. Во посебен сад ставете ги компирите и оставете ги да се изладат на пет минути.

Потоа додајте маслиново масло, мајчина душица, ситно сечкан лук, пипер, гриз, сол и бибер.

Измешајте сè да се соедини, а потоа во врелиот плех наредете ги компирите.

Печете 30-40 минути, а на секои 10 минути вртете ги како би се добила крцкава кора на сите страни.

Послужете со месо по желба.

Добар апетит!

Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display