ОМИЛЕНО ЈАДЕЊЕ: Компир шницли

Компирите им се омилени на многумина. Се подготвуваат на повеќе начини, а можат да послужат како прилог или како главно јадење.

 

Еве еден рецепт за компири подготвени на малку поинаков начин...

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 250 гр кравјо сирење
  • 1 главица комид
  • малку пиперка
  • 20 гр презла
  • 2 дл масло
  • 1 јајце
  • сол по вкус

Начин на подготовка:

Излупете го кромидот, измијте го и изрендајте го. Компирите измијте ги, излупете ги и повторно измијте ги. Потоа зготевете ги па добро изгмечете ги.

Од компирите, сирењето, кромидот, презлата, пиперките и солта замесете тесто. Од тестото направете шницли. Пржете ги на загреано масло, од двете страни, убаво да поруменат.

Шницлите од компири послужете ги со некој пикантен сос.

Добар апетит!

Loading...