Урми полнети со бадеми

Полнетите урми можете да ги послужите топли со предјадење, а ако ги натопите во чоколадо и ако не ставите сол ќе добиете и слатка варијанта.

 

Состојки:

  • 12 урми
  • 12 бадеми
  • 2 лажици маслиново масло
  • сок од 1 лимон
  • морска сол

Начин на подготовка:

Расечете ги урмите од едната страна и внимателно извадете ги коските, а наместо нив ставете бадеми.

На загреано масло пропржете ги околу 3 минути. Извадете ги од маснотијата и ставете ги на чинија за послужување. Потоа малку посолете ги и прелијте ги со сок од лимон.

Уживајте!

Loading...