Гурмански батаци – отсега само вака ќе ги правите!

Еве идеја за прекрасен ручек - гурмански батаци со сирење...

 

Состојки:

  • 15 гр путер
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици сечкан магдонос
  • 125 гр сремско сирење
  • 4 лажици пармезан
  • 3 лажици презла
  • 12 пилешки батаци
  • бибер
  • сол

Начин на подготовка:

Во тенџере ставете путер, загрејте го и на него пржете го лукот околу 1 минута.

Тргнете го од оган, додајте сремско сирење, пармезан и магдонос и сè добро измешајте.

Внимателно оделете ја кожата од батаците. Посолете го и побиберете го месото, а потоа помеѓу кожата и месото на скеој батак ставете лажица фил од секоја страна.

Наредете ги батаците во намастен огноотпорен сад и печете 45 минути на температура од 195 степени.

Добар апетит!

Loading...