Еве како да направите домашни корнети за сладолед!

Тестото за корнети ќе го направите за миг, а најдобро од сè е што можете да си поиграте со вкусовите кои ги сакате.

 

Состојки:

  • 2 јајца
  • 65 гр шеќер
  • 30 гр растопен путер
  • 2 лажици млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 45 гр брашно
  • прстофат сол
  • 3 лажички сончогледово масло

Начин на подготовка:

Во голем сад измиксајте јајца со шеќер. Додајте путер, млеко и ванила. Постепено измешајте брашно со лажица па додајте сол. Ако ви се чини дека тестото е прегусто, додајте уште малку млеко. Загрејте мала тава на среден оган и лесно премачкајте ја со масло.

Ставете една кутлача од смесата во тавата и формирајте круг како за палачинки. Печете додека не стане златно од двете страни. Тргнете ја тавата од оган и тестото обликувајте го во корнет додека е жешко. Оставете ги корнетите да се изладат, а потоа полнете ги со сладолед.

Loading...