Вкусен топол десерт со крцкаво тесто и сочни кајсии кои се топат во уста

Преубав десерт за кој ви е потребно малку време. Можете да го подготвувате со овошје по желба, а ние ви донесуваме рецеп со кајсии.


Состојки:

  • 1 кг исчистени кајсии
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 150 гр овесни снегулки
  • 100 гр брашно
  • 100 гр путер
  • 100 гр кафеав шеќер
  • 1 лажица мед

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Кајсиите преполовете ги. Наредете ги на дно на сад и посипете ги со кафеав шеќер.

Измешајте брашно, овесни снегулки и шеќер. Додајте парчиња путер и истиснете ги со прстите да се направат трошки. Додајте мед и направете трошки. Посипете ја смесата рамномерно по кајсиите.

На крај сè прелијте со 2 лажички мед, пред да го ставите десертот во рерна.

Печете во загреана рерна околу 35-40 минути. Кога горниот слој ќе добие златна боја, десертот е готов.

Послужете топло со сладолед од ванила.

Уживајте!

Loading...