Гурманска боранија

За љубителите на боранија овој вкус ќе биде вистинско изненадување.


Состојки:

  • 1 кг зелена боранија
  • 150 гр сува сланина Пекабеско
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици презла
  • 1 гранче магдонос
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

Боранијата згответе ја во посолена вода, а потоа процедете ја. На масло пропржете сланина исечкана на коцки, додајте кругови кромид, изгмечен лук и сè заедно кратко пропржете.

Додајте боранија, посолете, побиберете, посипете исечкан магдонос и лесно измешајте. Префрлете во сад за послужување и посипете со пржена презла.

Добар апетит!

Loading...