Фантастичен доручек - гибаници прженици (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Ако некогаш сте имале дилема дали да направите гибаница или прженици, нема веќе двоумење, направете ги двете! Еве фантастичен рецепт на Милица Михаиловиќ…


Состојки:

8 парчиња леб
малку сол
3 јајца
200 гр кравјо сирење
1 лажица кисела павлака
400 мл млеко
150 гр кашкавал

Начин на подготовка:

Разматете јајца, сол, млеко и издробено сирење. Во подготвената смеса натопете ги парчињата леб и редете ги на намастен плех со маргарин. Останатата смеса и ренданиот кашкавал ставете ги преку лебот.

Печете на 200 степени околу 20 минути. Послужете со јогурт!

Добар апетит!

Loading...