Печена пченка со мексикански сос

Испечете пченка и послужете ја со неодолив мексикански сос...



Состојки:

  • 5 парчиња пченка
  • 4 лажици мајонез
  • 1/2 лажичка сол
  • на врв на лажичка лук во прав
  • 2 лажички лута пипер
  • 1 лажица лимонов сок
  • малку исечкан лист магдонос
  • 150 гр пармезан


Начин на подготовка:

Извадете ги лушпите од пченката и ставете на загреана тава, прво на најсилна температура, а потоа намалете. Печете околу половина час.

Печената пченка на некои места треба да биде загорена (тоа е само површински). Секоја пченка обилно посипете ја со пармезан.

Подгответе мексикански сос од наведените состојки и послужете со пченката.

Добар апетит!



Loading...