СОВРШЕН ОБРОК: Мали слатки јунешки ќофтиња

Пробајте го овој рецепт и нема да зажалите...


Состојки:

  • 450 гр мелено јунешко месо
  • 3 лажици мелени бадеми
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • 2 рендани тиквици
  • 6 домати исечкани на коцки
  • 2 лажици сечкан власец
  • 3 лажици сечкан магдонос
  • 250 гр шампињони исечкани на четвртини
  • 1 јајце
  • масло
  • сол
  • бибер


Начин на подготовка:

Во чинија измешајте мелено месосо мелени бадеми, ѓумбир, тиквици, влашац, јајце и магдонос. Посолете и побиберете, па обликувајте 16 ќофтиња со еднаква големина.

Во тава загрејте малку масло на средна температура и испржете ги ќофтињата додека не поруменат.

Потоа додајте сечкани домати и шампињони. Поклопете и оставете да крчка на средна температура 15-20 минути.

Добар апетит!

Loading...