Целовечерен концерт на октетот „Прилеп“

Во големата сала во ЦК „Марко Цепенков, октетот „Прилеп“ во вторник вечер, одржа целовечерен концерт.

 

На традиционалниот годишен концерт, членовите на октетот „Прилеп“ исполнија дел од композициите од својот богат репертоар.Тие пред љубителите на музиката се претставија со македонски староградски и народни песни, македонски забавни песни и со шлагери од поранешните ју простори, па на публиката и приредија вистинско деведесетминутно музичко уживување. На концертот присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кои го истакна големото значење на постоењето на октетот „Прилеп“ во промовирањето на градот и на македонската староградска народна песна.

„Локалната самоуправа ги поддржува сите, вакви, културни настани и манифестации во Прилеп, а октетот „Прилеп“ секогаш со својата изведба ја збогатува годишната културна понуда на градот“, рече тој.

Октетот “Прилеп” веќе 22 години ја одржуват традицијата за староградска песна во Прилеп, притоа учестувајќи на многу фестивали во Македонија и надвор од неа. Работејќи под закрилата на ЦК „Марко Цепенков“ октетот досега има издадено три албуми со 40 композиции.

спонзориран линк:

(adverts)