Филмот „La La Land“ рекорден победник на Златните глобуси

Музичката комедија „La La Land“ е големиот победник на годинешното доделување на филмските и телевизиски награди Златен глобус, кое се одржа ноќта кон понеделниот во Лос Анџелес.



Романсата на идната актерка и џез музичарот„La La Land“ беше фаворит со седум номинации. Филмот ги освои сите седум награди, поставувајќи рекорд во освоените награди за еден филм: за најдобра комедија, најдобро сценарио, најдобар режисер, најдобра музика и најдобра оригинална песна, а главните актери во филмот Ема Стоун и Рајан Гослинг, кои пеат и танцуваат на најпривлечните места во Лос Анџелес, исто така, се наградени.

Младиот режисер Демиен Шазел им се заблагодари на продуцентите затоа што „ризикувале со филмот и верувале дека постои публика за ваков филм“.

Аарон Тејлор-Џонсон во „Ноќни животни“ и Виола Дејвис во „Fences“, адаптација на театарски претстави, се прогласени за најдобри споредни актери на филм.

Филмот „Moonlight“, за млад црнец хомосексуалец кој расте крај мајката зависничка, освои Златен глобус за најдорба драма, а Кејси Афлек за најдобар драмски актер во „Manchester by the sea“.

Францускиот филм „Elle“ е прогласен за најдобар филм на странски јазик, а неговата главна актерка Изабел Ипер за најдобра актерка.

Телевизиските Златни глобуси им припаднаа на сериите „American Crime Story: The People vs O. J. Simpson“, „The Night Manager“ и „The Crown“, и секоја освој по неколку признанија./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)