Македонската филхармонија со симфониски концерт за деца

Македонската филхармонија во сабота напладне во Домот на АРМ ќе одржи атрактивен симфониски концерт за деца.

 

Овој пат концертот е насловен „Сонот на вештерката“ и ќе донесе возбудливи мигови за најмладите. Диригент е маестро Борјан Цанев, а аниматор ќе биде омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе изведе дела од Григ, Дворжак, Сен-Санс, Штраус…

„Сонот на вештерката“ ќе донесе многу изненадувања и преку музика ќе ја раскаже приказната за една добра вештерка која што сонувала сите да ја сакаат./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display