Унгарскиот филм „Тело и душа“ победник на 67-то Берлинале

Унгарскиот филм „Тело и душа“ на режисерката Илдико Енједи е добитник на Златната мечка, главната награда за најдобар филм на 67-то издание на меѓународниот берлински филмски фестивал, беше објавеново саботата вечерта во Берлин.

 

„’Тело и душа’ е нежна приказна за две личности од работ на општеството кои низ сништата го пронаоѓаат патот една кон друга“, се наведува во образложението на жирито кое годинава го предводеше холандскиот режисер Пол Верховен.

Големата награда на жирито ја доби францускиот режисер Ален Гоми за филмот „Фелисите“, а Сребрената мечка за најдобра режија финскиот режисер Аки Каурисмаеки за филмот „Втората страна на надеждта“за интеграцијата на мигрантите во финското општество.

Сребрената мека за најдобра женска улога ја доби корејската актерка Ким Мин-хи, а за машка австрискиот актер Георг Фридрих.

Во конкуренцијата за главната на града на 68-то Берлинале беа прикажани 18 филмови. Годинешната берлинска филмска смотра завршува во неделата, ден резервиран за проекции за широката филмска публика.

Берлиналето, покрај фестивалите во Венеција и Кан, е еден од најважните филмски фестивали во светот, а според бројот на посетителите и бројот на прикажани филмови е најголемиот./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...