Во Галилеја откриен мистериозен мегалитен долмен

Мистериозен долмен од мегалит, вид камена гробна комора, стар повеќе од 4.000 години и украсена со гравури, откриена е во Галилеја на северот од Израел, објави во неделата Израелската агенција за старини.


Овој вид мегалитен споменик изграден во форма на групна гробна комора, е откриена во близината на кибуцот Шамир во Галилеја и е единствена поради своите димензии и „уметничките цртежи“ на таванот, се наведува во соопштението на израелската агенција.

Во долмените уште во предисторискиот период се погребувани мртвите. Биле изградени од неколку големи вертикално поставени камени блокови коишто ги прекрива една или повеќе хоризонтални поставени камени плочи.

„Првпат откривме долмен на подрачјето на Блискиот исток“, истакнува археологот Ури Бергер.

„На долменот се гравирани петнаесетина знаци, но многу тешко може да се дешифрираат. Можеби станува збор за лакови, птици или души кои летаат кон небото“, се надоврзува професорот Гонен Шарон од универзитетот Тел Хаи.

Откриениот долмен датира од периодот на бронзената ера, што значи дека е постар од 4.000 години, и се наоѓа среде други камени гробници. Хоризонталната плоча тежи 50 тони.

„Не можеме да разбереме на кој начин се градени ваквите мегалитски споменици и на кој начини нивните градители успевале да подигнат таква тежина“, признава професорот Гонен.

Димензиите на комората во внатрешноста од долменот изнесуваат два на три метра.

„Таквите димензии докажуваат дека овој долмен не го подигнало некое номадско племе, туку го изградила заедница којашто располагала со доволно силни структури и која познавача одредени технологии“, смета Гонен и додава дека „Културата на народите коишто ги граделе долмените уште е голема мистерија за израелските археолози“.

Долмените особено често биле градени во текот на неолитот, енеолитот и бронзената ера во крајбрежните области од северозападна и западна Европа, во Португалија, Франција, Германија, Велика Британија и Ирска.

спонзориран линк:
Loading...