Првата светска војна претставена од страна на македонски средношколци

Изложба на уметнички дела креирани од страна на средношколци од неколку градови во Македонија на тема „Првата светска војна“, се одржа во среда во Скопје.

Изложбата се организира во рамките на проектот на АЛДА Скопје „Прва светска војна и млади – мир и помирување“.

 

Проектот вклучува ученици од Битола, Скопје, Струмица, Богданци, Дојран и Тетово кои преку посети на терен и интерактивни предавања во Дојран и Битола ги продлабочија своите познавања за овој период од историјата на Македонија. По завршувањето на работилниците, учениците изработуваа лични проекти инспирирани од темата.

Проектот „Прва светска војна и млади – мир и помирување“ има за цел да придонесе кон спречување на конфликтите преку активности за покренување на свеста во средните училишта за геополитичкиот контекст на Првата светска војна, придонесот на Британија во битките во Македонија за време на Првата светска војна и лекциите научени од овој конфликт во прилог на мир и помирување помеѓу нациите.

Овој настан го организира АЛДА Скопје во рамки на проектот „Прва светска војна и млади – мир и помирување“, поддржан од страна на Британската амбасада во Македонија.

Loading...