Млади поетски перформанси“, проект на Битолската универзитетска библиотека

„Млади поетски перформанси“ проект наменет за млади автори на поезија ќе се организира на Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола .

 

 

Фатма Бајрам Азмовска, вработена во Битолската универзитетска библиотека информира дека со проектот опфатени се ученици од петто до деветто одделение од основните училишта, ученици од средните училишта и млади на возраст од 18 до 24 години.

 

„Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво за прв пат да се објави, со што ќе им се даде можност да се претстават пред пошироката јавност. Во поттекст на проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на младите автори од нашата земја“, рече Бајрам Азмовска.

 

Во рамки на проектот објавен е конкурс за доставување поетски творби, а најдобрите и најквалитетните творби ќе бидат објавени во заедничката збирка на поезија.

 

Во рамки на проектот ќе се одржат работилници на повеќе теми „Модерни текови и трендови во современата поезија“, „Предавање од областа на поезијата, посочување теми“, „Пишување на песна и интерпретација на напишаната песна“,„Електронските алатки и можноста за промоција на поетското творештво на младите поети“, „Од развивање на идеја – дело до промоција на дело“, додаде Бајрам Азмовска.

 

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија.(Макфакс)

Loading...

JT Fixed Display