Серијата слики од циклусот „Кучиња“ на Сергеј Андреевски ќе бидат изложени во Нирнберг

Серијата слики од циклусот „Кучиња“ на македонскиот уметник Сергеј Андреевски од викендов ќе бидат изложени во Нирнберг, Германија.

 

Сергеј е гостин на манифестацијата „ТАТ ОРТ“ (“Tat Ort” или “Crime scene” во буквален превод значи „Место на злосторството“) што традиционално се одржува во срцето на Франконија – Нирнберг на 48 уметнички точки.

Поставките што ја отсликуваат моменталната ликовна сцена, ќе бидат отворени за љубителите на уметност во ателјеата на уметниците овој викенд, па посетителите ќе имаат можност да се сретнат и со уметниците т.е. „виновниците“.

Сликите од циклусот „Кучиња“ што претходно беа изложени во Москва овој пат ќе бидат поставени во галеријата на сликарката Герлинде Пистнер, колешка и долгогодишен соработник на Андреевски.

Интересно е да се каже дека во рамките на манифестацијата, ќе биде одржана и модна ревија на престилки со којашто Пистнер, минатата година, премиерно се претстави во Слоештица, во рамките на јубилејната, 10-та манифестација „Славење на пирејот“, и која предизвика многу возбуда кај публиката(Макфакс)

Loading...

JT Fixed Display