Трето издание на МАН на познатата Школка во Градски парк

Во Градскиот парк, на познатата Школка, на 23 мај ќе се одржи третото издание на македонските алтернативни награди – МАН, на кое ќе се доделуваат награди за најзаслужните чинители на македонската култура и уметност проследени со настапи од многу македонски бендови и артисти: Јаков Дренковски и Бендот, ПМГ Колектив, СМАТ, Проџект Орфеус, Д Блек енд Вајз Сошл Клаб, Подземан ефект, Кртот, Видо, Сиги, Алфа, Стил темпл, како и видеодиџеј дуелот помеѓу диџеј Гоце САФ и диџеј Славе .

 

Оваа година ќе биде доделена главната награда за особен придонес и развој на македонската музика и сцена.Град Скопје го поддржа настанот и го вклучи МАН во програмата за култура. Забавата ќе се одржи на 23 мај од 12 до 1часот, а ќе продолжи до раните утрински часови во Јавен алтернативен простор „Бла Бла клуб“ (Градска плажа парк ) со диџеј Кодра.(Макфакс)

Loading...