Сe одржа првиот фестивал на куклени театри „Дебарска кукла“

Во организација на здружението за Арт култ 5, во Центарот за Култура денеска заврши првиот фестивал на Куклени театри „Дебарска кукла“. На фестивалот учествуваа четири куклени театри од Македонија, Албанија и Турција, претставувајки се со претстави на македонски, албански и турски јазик.

 

Директорот на фестивалот, Арбен Јајага, ни изјави дека Куклените театри „Ран Босилек“ од Скопје, „Пиро Зерзи“ од Поградец, „Коцемиу Текас“ од Берат и „Хајали Кубе“ од Истанбул биле мошне добро прифатени од децата и младите во Дебар.

Јајага истакна дека првиот фестивал на куклени театри во Дебар е одржан со поддршка на Министерството за култура на Македонија и неколку фирми на локално ниво и додаде дека целта на фестивалот е и младите во Дебар да имаат можност да видат куклени театри. Исто така, Јајага смета дека овој фестивал, кој ќе биде традиционален, има за цел да поттикне формирање на еден куклен театар и во Дебар .(Макфакс)

Loading...