ЗАЕВ: Груевски нека излезе на дуел за да ги отвориме сите прашања пред јавноста

Доколку одиме на парламентарни избори заедно со локалните избори, ќе освоиме и повеќе пратеници, ама претседателот Ѓорге Иванов, пак по налог на Никола Груевски, нема да ни го даде мандатот за формирање влада, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Канал 5“, од каде го повика Груевски на телевизиско соочување за пред јавноста да ги отворат сите прашања.

Повеќе: ЗАЕВ: Груевски нека излезе на дуел за да ги отвориме сите прашања пред јавноста

СДСМ: Новата Влада на граѓаните ќе обезбеди современо јавно здравство, заврши времето на Тодоров!

- Новата реформска Влада ќе ги изгради, реконструира и ќе ги опреми општите и клинички болници во Македонија за да осигура дека секој граѓанин ќе ја добие потребната здравствена грижа, се вели во соопштението на СДСМ.

Повеќе: СДСМ: Новата Влада на граѓаните ќе обезбеди современо јавно здравство, заврши времето на Тодоров!

Еве што ќе се случува со времето утре

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд претежно на југозападот и југот. На планините и на некои повисоки места со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 6 до 14 степени.

Повеќе: Еве што ќе се случува со времето утре

ТЕМПЕРАТУРАТА ЌЕ ПАДНЕ ЗА 10 СТЕПЕНИ: Еве што не очекува наредниве денови!

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд претежно на југозападот и југот. На планините и на некои повисоки места со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 6 до 14 степени.

Повеќе: ТЕМПЕРАТУРАТА ЌЕ ПАДНЕ ЗА 10 СТЕПЕНИ: Еве што не очекува наредниве денови!

Павлопулос: Нема членство во ЕУ за Македонија се додека се однесува иредентистички

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, со уште дека порака до македонските политичари: Македонија нема да има европска иднина, ако има иредентистички тенденции. Оваа порака ја испратил во саботата, по повод денот на независноста на Грција

Повеќе: Павлопулос: Нема членство во ЕУ за Македонија се додека се однесува иредентистички

(ВИДЕО) РСЕ – Зибери: Платформата им даде алиби за спас на Груевски и Иванов

Партиите на Албанците на погрешен начин ја потпишаа и на погрешен начин ја презентираа платформата, а со тоа им даде алиби на претседателот Ѓорѓе Иванов и на ВМРО-ДПМНЕ да се фаќаат за сламка за спас од состојбата во која се наоѓаат, вели поранешниот пратеник Насер Зибери во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Повеќе: (ВИДЕО) РСЕ – Зибери: Платформата им даде алиби за спас на Груевски и Иванов

АПСЕЊА НА СКОПСКИОТ АЕРДРОМ - Приведени неколкумина

На 24.03.2017 година во 12.20 часот на ГП Аеродром „Александар Велики“ Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Џ.О. (41) од с.Сингелиќ, скопско, евидира со мерка “А” (апси). Лицето е приведено и во 14.45 часот, со Потврда за предавање на лице, е предадено на полициски службеници од ПО Петровец за понатамошна постапка.

Повеќе: АПСЕЊА НА СКОПСКИОТ АЕРДРОМ - Приведени неколкумина

Се искршија полициско возило и мотор среде Скопје

На 24.03.2017 година во 18.24 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Св.Климент Охридски“ и ул. „Димитрија Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Шкода Јети“, сопственост на МВР на Р.М., управувано од полициски службеник од ПС ОН Чаир и мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш. (35) од Скопје.

Повеќе: Се искршија полициско возило и мотор среде Скопје

СТРАОТНА СООБРАЌАЈКА БЛИЗУ РОСОМАН - Има повеќемина повредени

На 24.03.2017 година во 14.10 часот на регионалниот пат Кавадарци-Росоман се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М. (30) од Росоман и ТМВ „Опел Корса Фургон“ со скопски регистарски ознаки, а управувано од Л.П. (61) од с. Ваташа.

Повеќе: СТРАОТНА СООБРАЌАЈКА БЛИЗУ РОСОМАН - Има повеќемина повредени

Страница 1 од 1214