Со сертификати за обучувачи за воведување на заедничката рамка за оценка се стекнаа 12 службеници од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и 2 лица од проектот `Поддршка за реформите во јавната администрацијата`.
Проектот има за цел Министерството за информатичко општество и администрација да стане центар во државниот сектор во Република Македонија, кој располага со експертиза за CAF, притоа создавајќи модел и за другите владини структури во земјата.
Сертификатите беа доделани од сртрана на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на CAF Центарот (Common assessment framework), Патрик Страерс.
Проектната канцеларија заедно со вработените во МИОА веднаш по потпишувањето на Меморандумот за разбирање ја развија проектната задача за експертска поддршка за воведување на стандардите за управување на квалитет, базирани на моделот заедничка рамка за оценка - CAF.
импресум :: контакт :: маркетинг
Copyright © 2011 - 2013 Sky News - новинска агенција
- политика за приватност :: услови за користење -
Вестите на интернет страницата на новинската агенција Sky може да се користат исклучиво за лично информирање.
* Согласно Google analytics и , официјалниот сајт на Скај има над 30.000 уникатни читатели дневно.