Снегот и мразот го отежнуваат сообраќајот

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.



Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Кочани – Делчево – граничен премин Делчево, Дојранска раскрсница – Дојран и Берово – Виница – Кочани, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)