Почина уште еден затвореник од КП Идризово

На 10.01.2017 година околу 11,00 часот во Скопје во КЦ-„Мајка Тереза“ починал М.А. (73) од Гостивар кој бил на отслужување на казна затвор во КПУ “Идризово“ во времетраење од 4,5 години.

Истиот на лекување бил донесен на 02.01.2017 година, прво на Клиника за нефрологија, а откако му се влошила состојбата, на 03.01.2017 година бил префрлен на „КАРИЛ“, каде и починал. Телото на починатиот било предадено на обдукција.

 

Loading...