Што ќе се случува со времето денес?

Сончево со мала до умерена локална облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од јужен, а во западните делови повремено умерен од западен правец.

 

Утринските температури ќе се движат од -6 до 1 степен, додека дневните ќе бидат во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -3 и дневна до 13 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во недела на места ќе бидат со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе преовладува релативно топло време, благо опаѓање на дневните температури ќе има во недела и понеделник.

спонзориран линк:
Loading...