Ученичка починала на час по историја во градежното училиште во Скопје

Ученичка во завршните класови во средното градежно училиште во Скопје починала на час по историја откако и се слошило.

 

Како што соопшти полицијата, во четвртокот, во 18.30 часот од Ургентен центар Скопје во полиција било пријавено дека во ГУЦ „Здравко Цветковски“, на час по историја, на ученичката А.А. (18) од Скопје во еден момент и се слошило, по што паднала од столчето.

По неуспешниот обид од професорите да ја освестат била повикана Итна медицинска помош, кои се обиделе да ја реанимираат, но не успеале. Ученичката била пренесена во Ургентен центар каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Loading...

JT Fixed Display