На грчка граница запленета 1.300 кг марихуана

На грчката граница биле запленети 1.300 кг марихуана, вредна 33 милиони евра, во камион кој пристигнал од Албанија, соопштија грчките власти.

 

Возачот на камионот ја напуштил кабината, откако цариниците најавиле контрола.

Возачот откако ја напуштил кабината се вратил назад во Албанија, така избегнувајќи апсење.

Од почетокот на годинава грчките власти заплениле 3 тона марихуана од Албанија.

спонзориран линк:
Loading...