ЛП: Оправдани се настојувањата на парламентарното мнозинство што побрзо да се избере претседател на Собранието и влада на РМ

Извршниот комитет на ЛП на синоќешната седница ја разгледуваше актуелната политичка состојба во државата при што констатира дека се оправдани настојувањата на парламентарното мнозинство што побрзо да се конституираат државните органи т.е. да се избере претседател на Собранието и влада на Република Македонија, кои се во опасен застој.

 

„Се наоѓаме во ситуација кога секој изгубен ден во стапувањето во функција на институциите ја зголемува опасноста во државата. Затоа апелираме партиите од парламентарното мнозинство добро да ја согледаат ситуацијата и со поддршка од нашите пријатели од меѓународната заедница и домашната јавност да прејдат на избор на претседател на Собранието и избор на влада.

Одолговлекувањето на тие потези ги охрабрува сите оние кои се противат на конституирањето на државната власт во Македонија и затоа не треба да се чека.

При тоа ги поздравуваме сѐ поотворените обиди од страна на меѓународните фактори да помогнат што побрзо да се конституира државната власт во земјата.

Ја повикуваме домашната јавност да не остане само на загриженост за состојбите туку активно да го манифестира своето незадоволство од состојбите и јасно да му даде поддршка на формираното парламентарно мнозинство“, се вели во соопштението на ЛП./извор:Макфакс

Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display