Голем пожар дивее во Карпош

Пожар избувна во бараките кои се наоѓаат во близина на СУЦ „Здравко Цветковски“. Пожарот зема замав и е видлив на поголема далечина.

 

Учениците од училиштето беа евакуирани, а постои опасност од експлозија затоа што во бараките се сместени цистерни со гас.

Бараките биле работни простории на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и Заводот за урбанизација.

Противпожарните екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display