Утре уште постудено, а еве од кога да очекувате затоплување!

Утре минималната температура ќе биде уште 2 до 3 степени пониска особено кон истокот на земјата. Ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието повремено умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 5 до 17 степени.

 

Во деновите потоа утринските температури полека ќе се покачуваат, а во вторник наутро се очекуваат позитивни утрински насекаде. Северниот ветер ќе продолжи да дува и за викендот, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела.

Во недела попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, на планините од слаб снег преку ноќта.

Дневните температури од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени пред се на југоистокот.

Loading...

JT Fixed Display