СЈО НЕ МИРУВА: Еве кој е нивниот најнов чекор

бвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера влегле во Клиничката болница во Битола, за да приберат подетални информации за дел од тендерите распишани во изминатите години, потврди за „Мета“ директорот на болницата, Василе Најдовски.

 

– Обвинители на СЈО дојдоа во билницата да приберат документација за дел од тендерите распишани од Министерството за здравство. Ги пречекавме, разменивме телефони и им помогнавме за сè што им треба – вели Најдовски.

Тој ги негира информациите дека управата на болницата неколку часа не ги примала обвинителите и вели дека напротив се било коректно.

-Не е точно дека сме се криеле од обвинителите, се им ставаме на располагање, тие не влегоа само кај нас туку во неколку болница во државата – вели Најдовски.

Од СЈО, повикувајќи се на тајноста на предистражните и на истражните постапки што ги водат, денеска не сакаа да ја потврдат, но ниту ја демантираа информацијата дека нивни обвинители биле во Клиничката болница во Битола.(Мета)

Loading...

JT Fixed Display