СПОРЕД НАЈНОВАТА АНКЕТА: Еве кој политичар има најголема доверба кај граѓаните!

Според податоците од најновата анкета на Телма и МЦМС, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев се политичарите на кои граѓаните најмногу им веруваат.

 

На прашањето кој политичар заслужува најголема доверба, за Груевски се определиле 25,8 отсто од анкетираните граѓани, а за Заев 24,8 отсто.

За претседателот на државата Ѓорге Иванов се определиле 9 отсто, а следи лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со 6,1 отсто поддршка од граѓаните. Зијаден Села има доверба од 3,6 отсто од испитаниците, додека Биљал Касами од Беса е поддржан од 3 отсто од граѓаните.

Дека немаат доверба во ниту еден политичар одговориле 14,8 од анкетираните граѓани.

Loading...