Тежок инцидент го потресе Тетово

На 16.07.2017 година, околу 10,30 часот, во Тетово на ул.„Железничка“, во подрумска просторија од куќата сопственост на М.Ј.(77), дошле тројца негови роднини, со кои ја делел куќата и истите поради нерасчистени имотно правни односи веднаш физички го нападнале, удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото, а едно од лицата со тврд предмет го удрил во пределот на телото, од што М.Ј. паднал во бесознание.

М.Ј. е пренесен во Клинички центар-Тетово. СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Loading...